Новости
вторник, 19 ноември 2013 15:25
Денес, Вицепремиерот задолжен за европски прашања д-р Фатмир Бесими се обрати на „Конференција за употреба на фондови за Ромите и 8-ми ромски економски бизнис форум“, во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка, Општина Шуто Оризари и Ромскиот деловен информативен центар, со цел зголемување на социо-економската вклученост на ромите во земјата, земајќи го во предвид следниот програмски период за ИПА 2014 – 2020.
Во своето обраќање Вицепремиерот Бесими имајки ја предвид социо-економската состојба во која се наоѓаат ромите во целиот свет, го изрази своето особено задоволство и верба во позитивниот придонес од одржувањето на Конференции од ваков меѓународен тип.
Тој го истакна фактот дека во регионални рамки Македонија значително го има подигнато нивото на третирање на малцинствата во целост. Меѓу другото тој го нагласи особениот стремеж и заложба на Владата на Република Македонија преку буџетот како и преку ЕУ/ИПА фондовите да придонесе кон реализирање на приоритетите кои произлегуваат од Декадата на ромите, преку поддршка и збогатување на бројните активности насочени кон остварувањето на зададените цели.