Новости
среда, 13 ноември 2013 12:32
Државниот секретар во Секретаријатот за Европски прашања, Јован Андоновски денес оствари средба со делегација составена од експерти/советници на Премиерот на Република Турција.
Оваа студиска посета на турската делегација е дел од проектот „Ефективна и продуктивна јавна администрација“ на Асоцијацијата на експерти/советници на Премиерот на Република Турција, чија цел е размена на искуствата на земјите од Балканот како и збогатување на искуството преку меѓусебна размена на информациите од оваа област.
Државниот секретар Андоновски ги информираше за процесот на европска интеграција со посебен осврт на реформа на јавната администрација. Во таа насока гостите беа запознаени со реализираните и планираните проекти во делот на измена на законодавството и системот на Е-влада, чиј концепт е целосно ориентиран кон потребите и барањата на крајните корисници (граѓаните, бизнис заедницата и вработените во јавната администрација).
На средбата и двете страни изразија задоволство од посетата на Република Македонија, која е дел од студиска посета, предходно реализирана во Босна и Херцеговина, Косово, како и во Албанија.