Новости
среда, 06 ноември 2013 13:06
Денес, Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за Европски прашања д-р Фатмир Бесими, оствари средба со амбасадорот на Кралство Норвешкаво Белград, задолжен за Република Македонија, Н.Е. Нилс Рагнар Камсвог кој престојува во Република Македонија.
На средбата соговорниците се согласија дека Европската интеграција е клуч внатрешната и регионалната интеграција. Состојбата на статус кво не е одржлива и оттука потребно е Република Македонија да премине кон следниот чекор од процесот, односно започнувањето на пристапните преговори. Истото ќе претставува додадена вредност кон натамошното унапредување на реформите и надминување на отворените прашања со соседите.
ЗПВРМ Бесими информираше за тековниот статус на процесот на европска интеграција на Република Македонија, добивањето на петтата препорака по ред од страна на Европската комисија за отворање на пристапните преговори и очекувањата од декемврискиот Совет на ЕУ. Во таа насока, посебен осврт беше даден кон напорите кои се преземаат во однос на зајакнувањето на владеењето на правото, унапредувањето на добро соседските односи и надминување на отворените прашања со Република Грција и Бугарија, слободата на изразување, политичкиот дијалог, реформата на правосудството, изборните реформи и унапредувањето меѓу-етничкиот дијалог и интеграција.
Соговорниците разговараа и за 10 годишната проектна соработка помеѓу Република Македонија и Кралството Норвешка, во рамки на која реализирани се проекти во повеќе важни области.
Заедничка оценка на Секретаријатот за европски прашања и норвешкото Министерство за надворешни работи е дека проектната соработка е повеќе од успешна, за што говорат и конкретните резултати остварени во овој период, во насока соговорниците разговараа за интересот и подготвеноста на двете институции ваквата соработка да продолжи и во наредниот период.