Новости
четврток, 31 октомври 2013 16:34
Заменик Претседателот на Владата задолжен за Европски прашања, д-р Фатмир Бесими денес оствари протоколарна средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Македонија, Н.Е. Матс Стафансон.
На средбата беше потврдена поддршката од Кралството Шведска за процесот на Интеграција на Република Македонија како и за поддршката за подготвителниот период на РМ за ИПА 2014-2020.
Амбасадорот Стафансон истакна дека во серијата состаноци кои ги реализирал во овој период со претставници на државни институции и лидери на партии, се уверил дека процесот на интеграција на Македонија претставува важен државен приоритет и исполнувањето на препораките од Европска Комисија е задача која треба да се исполни.