Новости
вторник, 29 октомври 2013 12:40
Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за Европски прашања, д-р Фатмир Бесими денес оствари работна средба со известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Ричард Ховит и Амбасадорот на Европската Делегација Аиво Орав.
На состанокот дискутираа за препораките кои стојат во Извештајот за напредокот на Република Македонија, во врска со тоа што е можно и реално Македонија да направи до Декември пред Советот на Европа со цел да се зајакнат аргументите за добивање на датум за започнување на преговорите со Европска Унија.
Соговорниците констатираа дека препораката за започнување на преговори е доказ дека Македонија останува во агендата за проширување на Европска Унија и претставува шанса за прогрес на Македонија во интеграцијата кон Европската Унија кое се очекува да влијае позитивно врз реформите за Европската агенда како и можност за напредок во однос на отворените прашања со соседите Грција и Бугарија.
Важни теми кои беа спомнати на состанокот се политичкиот дијалог и имплементацијата на препораките од анкетната комисија, слободата на изразување и дијалогот со новинарите, владеењето на правото и независното судство и добрососедските односи.