Новости
четврток, 24 октомври 2013 10:58
Денес, во просториите на Владата на Република Македонија, Вицепремиерот задолжен за европски прашања д-р Фатмир Бесими ја оддржа 33-та седница на Работниот комитет за европска интеграција. На комитетот беа присутни државните секретари на министерствата како и директори на институции, раководители на работни групи по Националната програма за усвојување на правото на Европската унија- НПАА.
На Работниот комитет беа разгледани клучните наоди од Извештајот на Европската комисија за остварениот напредок на Република Македонија за 2013 година, како и Ревизија на Националната програма за усвојување на правото на Европската унија (НПАА)- 2014 година.
Во своето обраќање Вицепремиерот Бесими упати особена благодарност за напорите вложени од страна на целокупната администрација и сите инволвирани страни, кои резултираа со уште една препорака од страна на Европската комисија за отворање на пристапните преговори со Република Македонија.
„Ова е знак Македонија и регионот остануваат во агендата за проширување на ЕУ и доказ дека европската интеграција останува клучен стратешки приоритет на нашата земја и дека Република Македонија континуирано работи на исполнување на потребните реформи и зајакнување на капацитетите на администрацијата за исполнување на обврските од членството.“ – истакна Бесими, дополнувајки дека „во наредниот период потребен е уште поголем ангажман за исполнување на препораките од Извештајот„.
Во делот на подготовка на ревизија на НПАА 2014, како клучен документ за процесот на интеграција во Европската унија, тој на присутните им ја презентираше утврдената динамика во поглед на ажурирање и усвојување на ажурираната НПАА од страна на Владата на Република Македонија.