ИПА 2007 - 2013
Компонентата за рурален развој (ИПАРД) е петтата компонента од ИПА. Таа, меѓу другото, особено придонесува за одржливо приспособување на земјоделскиот сектор и на руралните предели, како и за подготвувањето на земјите-кандидати за спроведување на законодавството на Европската унија во врска со Заедничката земјоделска политика (ЗЗП) и сродните политики. Компонентата за рурален развој ги поддржува земјите-кандидати во развивање на политики, како и во подготовки за спроведување и за управување со ЗЗП на Унијата.
Согласно Регулативата (ЕЗ) бр. 1085/2006 од 17 јули 2006 година, ИПАРД компонентата може да има особен придонес кон финансирањето на видовите на активности определени со Регулативата (ЕЗ) бр. 1698/2005 од 20 септември 2005 година за поддршка на руралниот развој преку Европскиот земјоделски фонд за рурален развој (ЕАФРД).
Целите на ИПАРД компонентата се: подобрување на пазарната ефикасност и примена на стандардите на Унијата; поддршка за подготвителни активности за примена на агроеколошките мерки и локалните стратегии за рурален развој и поттикнување на развојот на руралните економии. Владата на Република Македонија првично ги определи следниве сектори како приоритети за поддршка со ИПАРД:
Конкретните мерки за поддршка на земјоделството и руралниот развој во рамките на ИПАРД и групи инвестициски активности по поединечни мерки се утврдени во Програмата за користење на средствата од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД) за период 2007-2013 година. Оваа Програма ги утврдува и соодветните прифатливи трошоци за инвестициите, финансирањето на мерките, дефинирањето на корисниците на финансиската помош и условите за нејзино користење.
ИПАРД програмата се состои од збир на приоритетни оски, како и соодветни мерки и активности за спроведување (група на инвестиции), како и опис на потребниот финансиски придонес. Приоритетните оски на ИПАРД програмата се во согласност со Националната стратегија за земјоделство и рурален развој (2007-2013 година), а се однесуваат на стратегијата и целите за развој на земјоделскиот сектор и руралните средини во периодот 2007-2013 година, обезбедуваќи дополнителна вредност на претпристапниот процес.
Мерките се концентрираат врз подобрување на конкурентноста на економски одржливите земјоделски стопанства и прехранбената индустрија во избраните потсектори, преку политиките за инвестирање во подобрување на технолошката и пазарната инфраструктура, насочени кон зголемување на додадената вредност на земјоделските производи и усогласување со стандардите на Европската унија за квалитет, хигиена и безбедност на храната, благосостојба на животните и заштита на животната средина.
Придонесот на Европската унија за рурален развој на ИПА, за 2007-2011 година (според потпишани спогодби за финансирање) е распределен на следениот начин:
Помошта од ИПАРД треба да придонесе за подобрување на квалитетот на животот кај населението во руралните средини, зголемен приход и создавање на можности за вработување преку развој и диверзификација на активностите на и вон земјоделските стопанства, како противтежа за разликите помеѓу регионите и во однос на урбаните средини.
Целите на ИПАРД програмата произлегуваат од принципите на ИПА, односно:
Корисници на мерките од ИПАРД програмата се: земјоделските стопанства; земјоделските задруги; прехранбената индустрија; економските оператори; претприемачите; и населението во руралните средини.
ИПАРД програмата е раководена од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), преку Секторот за управување со ИПАРД во соработка со Комитетот за следење на ИПАРД и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (ИПАРД Агенција) (http://www.ipardpa.gov.mk/Root/mak/default_mak.asp).
Во периодот 2009-2013 година спроведени се вкупно 8 јавни повици, што резултираше со потпишување на 178 договори помеѓу Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и крајните корисници. Последниот 8-ми повик беше затворен на 30.09.2013 година.
Повеќе информации за можностите што ги нудат ИПАРД фондовите може да се добијат во:
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
Сектор за управување со ИПАРД
Ул Аминта Трети, бр. 2, 1000 Скопје
Телефон: 02/3134-477, лок.113, 114, 115
www.ipard.gov.mk
Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој
Ул. Трета Македонска Бригада, бр.20, 1000 Скопје
Телефон: 02/ 3097-460
www.ipardpa.gov.mk
Листа на документи
1. Список со склучени договори
2. Програма за измена и дополнување на ИПАРД програмата (05.07.2013)
3. ИПАРД програма 4-та измена (21.11.2012 година)
4. ИПАРД програма 3-та измена (05.12.2011)
5. ИПАРД програма 2007-2013 (03.07.2009)
6. Закон за ратификација на спогодбата за правилата на соработка за ИПАРД (30.12.2008)