Новости
среда, 21 август 2013 14:56
Како што беше најавено на 9-ти мај годинава, Заменикот Претседател на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, д-р Фатмир Бесими, денеска по втор пат беше организатор на форум со поранешните вицепремиери задолжени за европски прашања.
Средбата имаше за цел преку неформален и отворен пристап на присутните, да придонесе кон размена на идеите и искуствата во поглед на реализација на Стратегијата на Република Македонија за пристап во ЕУ и Придонесот кон годишниот извештај.
На средбата беше потенцирано дека евро-атланската интеграција на Република Македонија несомнено претставува врвен стратешки приоритет. Исто така, беше истакнато дека европската интеграција подразбира инклузивен и транспарентен процес на соработка на сите државни институции, политички субјекти и граѓанскиот сектор.
Секретаријатот за европски прашања ќе продолжи и во иднина да ги промовира европските вредности , во рамки на своите координирани активности за европска интеграција.