Новости
петок, 08 ноември 2024 04:47
Заменик министерката за европски прашања доц. д-р Викторија Трајков денеска во Собранието присуствуваше на јавна расправа на Комисијата за европски прашања посветена на презентација на реформската агенда на Владата (2024- 2027) во врска со Планот за раст на Европската комисија.
На презентацијата беа истакнати приоритетите и стратешките цели на државата за усогласување со Планот за раст на Европската Комисија.
Оваа агенда има за цел да ја забрза интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија преку спроведување на структурни реформи во делот на економијата, владеењето на правото, јавната администрација и животната средина.
„Одобрувањето на Реформската Агенда е особена важност за Северна Македонија, затоа што ни се се овозможува пристап на финансиски средства во рамките на Фондот за реформи на Европската Унија во висина од 6 милијарди евра. Според Планот за раст ќе добиеме околу 800 милиони евра за период од четири години. Тоа ќе даде дополнителен поттик за луѓето и за бизнисите во нашата земја, истакна доц.д-р Викторија Трајков.
Клучни компоненти на Реформската Агенда се владеење на правото и борба против корупцијата, економски развој и конкурентност, јакнење на образовниот систем и спречување на одливот на млади кадри, поддршка за зелена трансформација, инфраструктура, намалување на сиромаштијата, поддршка на ранливите групи и унапредување на здравствените и социјалните услуги.
Реализацијата на Агендата (2024-2027) има за цел да ја трансформира Северна Македонија во модерна, стабилна и развиена, земја во која значително ќе се подобри квалитетот на живот за сите граѓани.