Новости
понеделник, 04 ноември 2024 12:47
Заменик министерката за европски прашања доцент д-р Викторија Трајков денеска оствари средба со Орхидеја Каљошевска, експертка за европски фондови и консултантка во областа на инфраструктурните инвестиции и економскиот развој на Западен Балкан.
Ги идентификувавме приоритетни области за инвестиции, што би можело да привлече дополнителни средства од меѓународни финансиски институции и да овозможи побрза интеграција на Северна Македонија во Европската унија.
Целта на ваквите средби е да се детектираат сите предизвици во насока на поголема апсорпција на средства за клучните инфраструктурни и приоритетни инвестиции
„Работиме неуморно за подобар животот на граѓаните во Северна Македонија, за создавање можности за бизнис, за зголемување и забрзување на економскиот раст на регионот, истакна заменик минисерката доцент д-р Викторија Трајков, по завршувањето на средбата.
Инструментот „Инвестициска рамка за Западен Балкан (ВБИФ) го поддржува социо - економскиот развој и пристапување во ЕУ на земјите од Западен Балкан преку обезбедување на финансии и техничка помош за стратешки инвестиции, особено во инфраструктурата, енергетската ефикасност и развој на приватниот сектор.
Инструментот Инвестициска рамка за земјите од Западен Балкан е заедничка иницијатива на Европската комисија, билатерални донатори и меѓународни финансиски институции. Со оваа иницијатива е направен обид за спојување на средствата на ЕК, различните донатори и меѓународните финансиски институции (МФИ), во насока на финансирање на приоритетни инфраструктурни проекти во земјите од Западен Балкан.