Новости
среда, 11 септември 2024 08:31
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска оствари средба со амбасадорот на Република Словенија, Грегор Прескер. На средбата беа реафирмирани блиските билатерални врски, како и цврстото партнерство во контекст на развојната соработка и европската интеграција.
Воедно, Муртезани изрази благодарност за континуираната искрена поддршка од Словенија, како пријателска земја и наш верен сојузник во реализацијата на стратешките цели на Северна Македонија, потенцирајќи ја нејзината принципиелна посветеност на проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан. Тие разговараа и за модалитетите на пренесување на словенечкото искуство и знаење во процесот на пристапување кон Унијата.