Новости
четврток, 15 август 2024 05:21
Денеска, министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, оствари протоколарна средба со амбасадорот на Обединетото Кралство во Северна Македонија, Метју Лосон, на која беше реафирмирано цврстото партнерство меѓу двете земји, со фокус на тековната и идна соработка во клучните развојни области.
Министерот Муртезани и амбасадорот Лосон разговараа за долгогодишното успешно партнерство, вклучувајќи ја и поддршката за изработката на Националната развојна стратегија на Северна Македонија и напорите за подобрување на процесите во јавното управување. Соговорниците ја разгледаа успешната имплементација на проектите поддржани од Обединетото Кралство, особено во полициските реформи, правосудството, транспарентноста и отчетноста во работењето на институциите како и промовирањето на принципите на еднаквост во општеството.
Тие ја потенцираа важноста од координацијата на донаторите, подвлекувајќи го долгогодишното британско искуство во развојната соработка како значајна компонента при усогласувањето на стратешките цели во напорите на земјата за одржување на стабилноста и безбедноста, доброто владеење и промовирање на различноста и мултикултурализмот.