Новости
среда, 31 јули 2024 04:43
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска имаше средба со амбасадорката на Украина во Северна Македонија, Лариса Дир, во чиј фокус беа прашања поврзани со европската интеграција и билатералната соработка.
Соговорниците изразија надеж за успешен напредок на двете земји на евроинтегративниот пат, за што министерот Муртезани ја потенцираше подготвеноста на Северна Македонија да ги сподели своите искуства во однос на пристапните преговори и процесот на скрининг, усогласувањето на законодавството со правото на ЕУ, подготовката на национална верзија на европското Acquis, координацијата на ИПА фондовите и сл.
На состанокот стана збор и за можна соработка во контекст на споделување искуства и добри практики, преку Меморандум за соработка на теми поврзани со евроинтеграцијата, на иницијатива од македонска страна. Дир и Муртезани ги реафирмираа одличните билатерални односи, осврнувајќи се на модалитетите за зајакнување на политичкиот дијалог, економските односи и инвестиционите можности со оглед на состојбите во Украина.