Новости
петок, 26 јули 2024 08:49
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани денеска во својот кабинет ја пречека новоименуваната Заменик-министерка во министерството за европски прашања, Викторија Трајков. Тие разменија мислења и информации за активностите поврзани со Министерството и изразија заемна заложба за посветеност и професионалност и во спроведувањето на работните приоритети, во светло на пробив на патот на Северна Македонија кон членство во Европската Унија.