Новости
петок, 26 јули 2024 05:52
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани денес се сретна со Вероник Улман Марти, амбасадорката на Швајцарската Конфедерација во Република Северна Македонија.
Особена благодарност беше изразена и за финансиската поддршка од Швајцарија за проектот „Поддршката на Северна Македонија за пристапувањето во ЕУ“, финансиран од страна на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (СИДА), а имплементиран од УНОПС Скопје.
Муртезани и Улман Марти ги потврдија одличните билатерални врски кои оваа година одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Северна Македонија и Швајцарија. На состанокот беше изразена заемно задоволство од одличната комуникација на политичко и економско ниво, потврдувајќи ги заложбите за натамошно интензивирање на политичкиот дијалог и севкупната соработка.