Новости
среда, 24 јули 2024 05:20
Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денес имаше средба со претставничката на Канцеларијата на УСАИД во Северна Македонија, Џери Дајбл, на која беше реафирмирана американската поддршка во напорите за зајакнување на демократските практики и институции, зголемување на економскиот развој и подобрување на квалитетот на образованието во земјата.
Tековната Стратегија за развојна соработка на земјата 2020-2025 е фокусирана да обезбеди поддршка за промовирање на просперитетна, демократска и безбедна држава, посветена на евроатлантските интеграции, што во голема мера оди во чекор со нашите заложби за градење на модерна европска демократија.
Соговорниците се согласија дека двете земји ќе продолжат да работат во партнерство со цел реализација на приоритетите на Северна Македонија, поттикнување на реформите кои и’ помагаат на земјата на нејзиниот пат кон членство во ЕУ, промовирање на одговорно лидерство, односно дека УСАИД и Владата на Северна Македонија ќе продолжат посветено да работат на унапредување на заедничката визија низ партнерството кое трае повеќе од 3 децении.