Новости
петок, 19 јули 2024 06:07
Денес министерот за европски прашања Орхан Муртезани имаше средба со амбасадорот на Јапонија во Северна Македонија, Н.Е. Отсука Казуја, на која беше потврдена одличната билатерална соработка, како и јапонската поддршка на Северна Македонија преку донации во некои од најважните сектори за нашиот евроинтегративен процес.
Амбасадорот Казуја ја истакна одличната соработка со Министерството за европски прашања и нагласи дека во изминатите години Јапонија обезбеди над 800 илјади евра помош за зајакнување на здравствените услуги за набавка на медицинска опрема за ковид центрите во земјата.