Новости
петок, 26 април 2024 01:01
Денес, државната секретарка во Секретаријатот за европски прашања ја оствари средба со вицепремиерката за европски прашања на Молдавија Кристина Герасимов.
На средбата се разговараше за соработката и техничката помош што ние како држава можеме да ја понудиме во однос на преговарачкиот процес со ЕУ, Молдавија и Украина се две земји од источното партнерство кои неодамна ги започнаа преговорите за членство во ЕУ- истакна Абдиу – Халили.
Молдавија високо го цени нашето знаење и искуство кое како држава го имаме во преговарачкиот процес, земајќи ги предвид позитивните оценки што ги добивме од успешно завршениот скрининг со Европската комисија – истакна Герасимова на состанокот.
„Мојата порака до вицепремиерката Герасимов беше дека предуслов за успешен и ефикасен преговарачки процес е постигнување широк и стабилен државен консензус во однос на членството во Европската Унија – потенцираше на средбата државната секретарка.
Соговорниците на средбата се согласија дека Руската агресија и војната во Украина создадоа нов момент во ЕУ, ставајќи го проширувањето на врвот на европската агенда, а членството во ЕУ е наша заедничка цел. Подготвени сме за меѓусебна соработка до реализација на оваа цел, полноправно членство во ЕУ до 2030 година.