Новости
четврток, 04 април 2024 01:10
Денес во Секретаријатот за европски прашања се одржа информативен настан за третиот повик за проектни предлози во рамки на програмата за територијална соработка ИНТЕРЕГ Европа.
Настанот беше организиран во соработка со Техничкиот секретаријат на програмата со цел запознавање на потенцијалните партнери со можностите за аплицирање на повикот.
На настанот присуствуваа околу 80 претставници од централните и локалните институции.
Третиот повик за проекти ќе биде отворен во периодот 20 март - 7 јуни 2024 год., заедно со повикот за вклучување на новите партнерски држави во проектите одобрени во рамки на 1-от и 2-от повик.
Буџетот на третиот повик изнесува 130 милиони евра, со кои ќе се финансираат проекти посветени на сите теми од заедничка релевантност за партнерските земји, во линија со нивните регионални потреби во опсегот на кохезионата политика.
Интерег Европа e програма за меѓу-регионална соработка ко-финансирана од Европската унија. Вкупниот буџет на програмата од 379 милиони евра е наменет за поддршка на широк круг на потенцијални корисници на национално, регионално и локално ниво, преку финансирање на проекти од меѓу-регионален интерес и размена на искуства преку Платформа за учење на политики.
Програмата ги обработува темите:
1. Попаметна Европа
2. Позелена Европа
3. Подобро поврзана Европа
4. Посоцијална Европа
5. Европа поблиска до граѓаните и
6. Подобро управување на регионално ниво
Соработката во рамки на Интерег Европа се реализира на два начина и тоа преку:
1. Проекти за меѓу-регионална соработка
2. Платформа за учењеa