Новости
четврток, 23 мај 2013 13:41
Денес заменик претседателот на Владата задолжен за Европски прашања др. Фатмир Бесими и Амбасадорот на Република Франција во Македонија НЕ г-ѓа Лоренс Оер, ја потпишаа спогодбата за соработка за 2013 и 2014 година.
Оваа спогодба ќе овозможи спроведување на неколку проекти за техничка помош за потребите на Секретаријатот за европски прашања, во рамките на француската билатерална административна соработка, наменета за поддршка на процесот за европски интеграции на Република Македонија. Соработката помеѓу Амбасадата на Франција и Секретаријатот за Европски прашања ќе се фокусира на три главни области:
- Поддршка за примена и координација на ИПА фондовите, во области како стратегија за комуникација со поддршка во креирање ИПА веб страна, како да се оцени нашата комуникација, пишување за веб и социјални медиуми, во информатички системи, семинари и студиски мисии во Франција за менаџирање на ЕУ фондови и други
- Зајакнување на капацитетите на Центарот за обуки за европски прашања
- Специјализирани обуки за развивање на преговарачки вештини и секторски политики на ЕУ, со поддршка во тренирање на вработените во секторот за интеграции, поддршка во ЕУ секторска политика за acquis communautaire (правото на Европската Унија), конференција за формирањето и предизвицита на Европската Унија, .
За да се спроведат овие проекти, француската Амбасада ќе ангажира високо квалификувани стручни лица од неколку француски институции, како ЕНА (Национална школа за администрација), ДАТАР (Кабинетот на Претседателот на Владата), Министерството за финансии и економија и Министерството за труд и вработување...
Овие активности за административна соработка ќе се спроведат во 2013 и 2014 година со блиско партнерство со македонските институции вклучени во процесот на европска интеграција.
Секретаријатот за европски прашања во соработка со Француската амбасада продолжува со активностите за зајакнување на административниот капацитет за спроведување на активностите за комуникација и видливост во врска со користење на ИПА и други ЕУ фондови од страна на Република Македонија.