Новости
четврток, 14 декември 2023 03:35
Денес се сретнав со новоименуваната амбасадорка на Кралството Норвешка, Кристин Мелсом. Соработката и поддршката од Норвешка никогаш не изостанала, почнувајќи од хуманитарната помош за време на земјотресот во 1963 година, се до неодамнешните предизвици со кои се соочивме како земја.
Норвешка, иако не е земја членка на ЕУ, во континуитет не подржувала во напиот пат кон членство во ЕУ, особено преку проектот на УНОПС.
Секретаријатот за европски прашања останува посветен на билатералната развојна соработка.
Разговаравме за идни проекти кои уште повеќе ќе го зајакнат нашето партнерство.