Новости
вторник, 12 декември 2023 10:08
Заменик претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ, вечерва гостуваше во Тема на денот во Дневникот на Сител ТВ.
Вицепремиерот Бојан Маричиќ за почеток се осврна на успешно завршениот скрининг процес:
- Мислам дека ниту една од нашите успеси достигнувања не треба да го им намалуваме ни значањето ни вредноста, 15 месечниот процес беше суштински процес во кој што околу 1 000 наши луѓе во сите делегации, околу 100 дена работни вкупно направија 850 презентации одговорија на стотиции прашања, и сето тоа од повеќе од 200 институции, тоа беше еден масовен и длабински процес кој што ни кажа каде сме и колку уште ни треба и што ни треба да направиме за да бидеме членка на ЕУ за да ги достигнеме европските стандарди. Тој скрининг процес е пофален и во европскиот извештај кој што излезе минатиот месец, за што се очекува да биде пофален во заклучоците на советот на министрите денешниот состанок и европскиот совет наредните два дена.“
Маричиќ за прогнозите за формулација за нашата ситуација на Самитот кој следи тој рече: -Нашата ситуација очекувам да биде форулирана на начин што ќе се пофали скринингот, ќе се направи една генеза на тоа како сме ги почнале преговорите минатата година и во која фаза сме сега дојдени и ќе се изрази повторно подготвеноста како што е запишано во заклучоците од минатата година и преговарачката рамка дека во моментот кога ќе бидат извршени уставните измени.
Тогаш без нова политичка одлука и без дополнително одлагање ќе се свика втората меѓувладина конференција за да се отвори првиот кластер и јас би очекувал и би биле среќни по најавите дека ќе има и јасен политички повик до сите политички партии во Собранието да дадат поддршка на уставните измени да гласат за уставните измени да не ја блокираат сопствената држава.
На прашањето за одговорноста и исполнување на обврските Маричиќ истакна дека математиката е нарушена со политичка одлука на ВМРО-ДПМНЕ, нашата блокада на европски пат има име и презиме тоа е ВМРО-ДПМНЕ и тие не можат да избегат од таа одговорност, инаку еве да прашаме отворено – зошто вреди ли да се блокира сопствената држава на патот кон ЕУ заради внесување на неколку заедници во преамбулата на уставот, бидејќи за тоа се работи, не се работи веќе пукна како меуро сапуници овие тврдења дека го изгубиме јазикот, ќе го изгубиме идентитетот, дека нешто ќе ни се случи лошо, не, сега сме навистина на тоа, никому ништо нема да му биде ниту пак ќе не чини доколку бидат овие уставни измени напротив ќе го фатиме теркот, динамиката, темпото со оние држави кој што веќе преговаратт и можат да одат напред.
- Не можеме ние плашејќи се од идни блокади кој што можат да дојдат и од други држави не од Бугарија од различни причини не е врзано ништо за прашањата со Бугарите или прашањата со македонскиот јазик меѓу тоа која е таа држава која што се откажала од процесот на евроинтеграции заради потенцијални можни идни замислени блокади од некој држави, за тоа мислам дека е еден страв од носење на политичка одлука или една стратегија да не се внесува државата во ЕУ, што и да е е штетно за државата и толку можеме, ние скринингот го завршивме и навистина се надеваме и работиме на тоа да се дојде до 80, меѓу тоа како што и една од тезите беше дека ќе правиме не знам каков притисок врз пратениците или дека се прави притисок, не, нема потреба од притисок, ние објаснуваме и ќе продолжиме тоа да го правиме бидејќи обврската останува и за овој парламентарен состав и за наредните.“
-Многу е важно политиката на блокада на сопствена држава да биде поразена на изборите, доколку не биде поразена во парламентот до изборите, политиката на блокирање сопствената држава ќе биде според моите очекувања поразена на изборите од овој европски фронт и од оваа коалиција и потоа веќе без никакви аргументи ќе останат оние кој што блокираат, кој што се тие ја блокираат веќе сопствената држава, година и половина.
Инаку ние да ги направивме овие уставни измени од страна на сите пратеници или 80 пратеници досега веќе сега на овој самит ќе разговаравме за отварање на првиот кластер и ќе разговаравме за динамиката на разговори со првиот кластер.
Понатаму Вицепремиерот нагласи дека ние во ниту еден момент не било кажано ништо против Албанија и дека државата треба да биде ценета поединечно, радувајќи се на секој успех на секој наш сосед, особено дека со Албанија имаме тесна соработка во текот на скринингот и разменувавме информации и работивме речиси на дневна основа.
- Ние сакаме Албанија да добие тоа што го сака и која што и ние сакаме да го добиеме тоа што го сакаме тоа е наредна меѓувладина конференција, но она што се очекувањата и барем коментарите од Брисел дека тоа најверојатно овој пат нема да се случи на овој совет иако се случи ќе го поздравиме се разбира, но тоа не значи дека нема да се случи на наредниот совет за месец, два или три бидејќи се разговори за разговори меѓу Албанија и Грција околу конкретни случаи и конкретни потези што повторно не враќа на прашањата на билатералните прашања.