Заменик претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ денеска, ја посети компанијата „Бучен Козјак“ во Куманово. Компанија која користи финансиска поддршка за поврат на инвестиции, и која аплицирала за субвенционирано снабдување со електрична енергија, мерка која е дел од пакетот антикризни мерки што одговора на предизвиците со оглед на важноста на наметнати од економската и енергетската криза.
Вицепремиерот Маричиќ посочи дека Бучен Козјак е компанија која ги познава стратешките политики на Владата кои и помогнале на компанијата да се развива, осовременува со нова механизација, стручен кадар, за нивниот квалитет да биде препознатлив кај потрошувачите. Нивната инвестиција и користењето на владините антикризни мерки претставуваат корисно и ефикасно решение за компанијата, што значи поддршка, сигурност и за работниците и за работодавците.
На средбата со менаџментот на компанијата, вицепремиерот Маричиќ кажа дека максималното користење на можностите за развој на производството е рационална стратегија. „Бучен Козјак“ е компанија која домаќински и успешно го гради својот бизнис, а за нас е најважно дека тие ги користеле можностите што претставуваат придобивка за сите граѓани.
Европските пари кои оваа компанија ги користела преку ИПАРД програмата, преку Европска банка за обнова и развој, и од Агенцијата за промоција за инвестиции и промоција на извозот се директна помош за развој и напредок на нашето стопанство. Со пристапувањето на Република Северна Македонија во Европската Унија, средствата за нашите компании дополнително ќе се зголемат, што во крајна линија ќе придонесе кон забрзан раст на домашната економија и подобрување на финансиската состојба на нашите граѓани.