Новости
четврток, 16 ноември 2023 05:22
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ денес оствари средба со новоименуваниот специјален претставник на Франција за Западен Балкан, Рене Троказ.
Вицепремиерот, го запозна специјалниот претставник Рене Троказ на неговата прва официјална посета на Северна Македонија, со тековните состојби, скрининг процесот, реформите, со цел приближувањето на државата до полноправно членство со ЕУ.
На состанокот, говорниците се согласија дека Европската интеграција е единственото и оптимално решение за нашата држава.
Со цел да се оствари нашата заедничка стратешка цел, полноправно членство во унијата, присуството на Франција и гласот на Париз се исклучително важни за Северна Македонија, поттикнувајќи забрзување на динамиката на преговарачкиот процес на државата.
Присутните се сoлгласија дека Франција и Северна Македонија остануваат посветени за заедничка заложба за остварување на европската перспектива на нашата држава, и оддржување на стабилноста на Западен Балкан и Европа во целост.
На состанокот присуствуваше и амбасадорот на Република Франција, НЕ Сирил Бомгартнер и претставник од француското министерство за надворешни работи.