Новости
среда, 15 ноември 2023 10:42
Денес, Заменикот претседател на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, имаше свое обраќање на годишниот состанок на СОЅТ (Европска соработка за наука и технологија, организација за научно-технолошко умрежување во Европа) на кој присуствуваа високи претставници на Комитетот на СОЅТ, функционери професори и др.
Во својот говор Вицепремиерот Маричиќ ја истакна важноста на учеството на Северна Македонија во СОЅТ, кој е доказ за посветеноста на нашата научна заедница и посветените претставници на академијата, и затоа што треба да бараме можности за воспоставување солидна соработка меѓу научниците и институциите, споделувајќи го нивното меѓународно искуство за доброто на Северна Македонија.
„Како земја која преговара за полноправно членство во Европската унија, имаме можност да учествуваме во истражувачките програми на Европската унија и да ги почувствуваме придобивките уште пред пристапувањето. Ова вклучува македонски истражувачи во значајни проекти за иновации, истражување и наука. Научното истражување и споделувањето искуства се од најголема важност за нашето општество„- истакна Маричиќ.
За крај во своето обраќање Вицепремиерот Маричиќ им се заблагодари на заедницата COST и нејзината посветеност за унапредување на науката и ја потенцираше посветеноста на Владата за обезбедување на зголемена национална поддршка за учесниците во COST, обезбедувајќи ја ефикасноста и успехот на научниците и иноваторите, ние треба продолжиме да градиме европска иднина за Северна Македонија, каде што науката и технологијата играат суштинска улога во обликувањето на подобар свет за сите.
COST (Европска соработка во науката и технологијата) е организација за финансирање на мрежи за истражување и иновации, и е најстарата и најголема програма за вмрежување во науката во Европа која е основана во 1971 година со седиште во Брисел. Освен членките на ЕУ, учествуваат и земјите од Европа кои не се членки на ЕУ, Република Северна Македонија е членка на СОЅТ од 2002 година.
На состанокот учествуваше и Министерот за образование Јетон Шаќири, како и високи претставници на бордот на СОЅТ.