Новости
вторник, 14 ноември 2023 04:46
Денес, Заменикот претседател на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ одржа работна средба во очи утрешниот годишен состанок на КОСТ (Европска соработка за наука и технологија, организација за научно-технолошко умрежување во Европа) на кој ќе присуствуваат високи претставници на СОЅТ од триесетина земји членки.
На средбата Вицепремиерот истакна дека учеството на македонските научници и споделувањето на искуството, вмрежувањето преку најголемата организација за научно технолошко врмежување КОСТ е од големо значаење за развој на општеството, и науката воопшто.
Маричиќ ја истакна информацијата дека според овогодинешниот извештај за Северна Македонија за 2023 година, во рамките на поглавјето 25 кое се однесува за наука и истражување, нашата држава има постигнато добро ниво на подготвеност во таа област.
Нашата држава како земја преговарач, успеа да искористи златна прилика за активно учество во истражувачките програми на ЕУ, дури и пред формалното членство.
Членството на Северна македонија во КОСТ е мошне важно за нашата успешна реализација на членство во ЕУ.
На средбата беше истакнато дека една од стратешките цели на КОСТ е задржување на младите истражувачи во своите држави преку куси програми за унапредување , градење капацитети и професионално доусовршување.
На утрешниот состанок ќе се разгледуваат важни прашања за статусот на СОЅТ во новата 10-та рамковна програма за наука и технологија Хоризонт Европа на ЕУ од каде и се финансираа оваа програма.
На средбата присуствуваа, директорот на КОСТ, Роналд де Браун, ракодоводителката на одделот за политики Урсула Кастро, Советникот Елвин Рајминк од Кост и професорот Зоран Поповски како претставник на извршниот одбор на КОСТ.