Новости
петок, 03 ноември 2023 03:00
На денешната средба со амбасадорката на Грција, Н.Е. Софија Филипиду, разговаравме за реафирмација на соработката и поддршката што Грција ја дава во евроинтегративниот пат на нашата земја.
Државна секретарка во секретаријатот за европски прашања Абдиу-Халили се осврна на соработка на прекуграничните програми INTERREG IPA, кои опфаќаат области од инфраструктура до образование. Програмата CBC 2014–2020 вклучува 62 договорени проекти, што ја одразува нашата заедничка посветеност.
Иницијативата на ЕУ за Преспа, со буџет од 21.726.000,00 евра, е усогласена со Зелената агенда, докажувајќи ја нашата посветеност кон стандардите на ЕУ за заштита на животната средина и климатските промени.
Учеството на Северна Македонија во транснационални програми како што е INTERREG Балканско-медитеранска соработка и учеството во INTERREG Adrion и INTERREG Euro-Med се показател за силна соработка меѓу нашите земји во рамките на програмите на ЕУ потенцираше Абдиу-Халили.
Двајцата соговорници на средбата потврдија дека соработката помеѓу Северна Македонија и Грција е добар пример за тоа како, со визија, лидерство и компромис, можеме да ги претвориме повеќегодишните спорови во вистинско партнерство и добрососедство. Грција денес е еден од најголемите поддржувачи на нашата интеграција во Европската унија.