Новости
среда, 18 октомври 2023 11:59
Продолжуваме со вториот ден од билатералниот скрининг за поглавје 11 - Земјоделство и рурален развој.
Нашата делегација со детални презентации за земјоделските пазари, политиките на квалитет, органското земјоделство и промоцијата на земјоделските производи.
Усогласувањето на законодавството и имплементацијата на стандардите на ЕУ за ова поглавје, значи модерно и конкурентно земјоделство и квалитетни производи кои ќе можат да се пласираат на европскиот пазар.