Новости
понеделник, 02 октомври 2023 10:35
Вицепремиерот за европски прашања и Национален ИПА координатор, Бојан Маричиќ, денеска ја потпиша Финансиската спогодба за ИПАРД 3 програмата и во своето излагање рече дека суштинска за македонското земјоделство.
ИПАРД е успешна приказна која веќе подолго време ја имаме и дека потпишувањето на оваа спогодба е само нејзино продолжување и уште поголемо развивање.
- ИПАРД 2 беше доволно силна и успешна приказна, а ИПАРД 3 ќе биде ветувачка приказна, приказна што ветува многу за македонскиот земјоделец и гаранција дека Северна Македонија ќе продолжи да биде најдобар корисник на ИПАРД програмите во регионот, рече Маричиќ.
Покрај на Секретаријатот за европски прашања, вицепремиерот им честита на сите засегнати страни во спроведувањето на ИПАРД програмата, на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за финансии и на Платежната агенција која има клучна улога во спроведувањето на овие европски неповратни средства, преку кои се зајакнува земјоделскиот сектор и се приближуваме кон стандардите утврдени со заедничката земјоделска политика на ЕУ.
- Со финансиската спогодба се обезбедија 97 милиони евра за македонското земјоделство за мерки од ИПАРД III програмата и тоа за: Инвестиции во физички средства на земјоделски стопанства, за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи, за диверзификација на фармите и развој на бизнисот и за техничка помош, објасни вицепремиерот Маричиќ.
Потпишувањето на Финансиската спогодба се случува онака како што најави и како што вети вицепремиерот за европски прашања и Национален ИПА координатор Маричиќ. Процедурите и целата постапка за потпишување на Финансиската спогодба заедно со Генералниот Директоратот за земјоделие и рурална политика (ДГ Агри) се заврши додека тече рокот за доставување и евалуација на апликациите од првиот повик од новата ИПАРД 3 програма, информираат од Секретаријат за европски прашања (СЕП) и појаснуваат дека со ова практично се овозможува навремено да почне трошењето на средствата и да се изврши исплатата на сите успешни апликанти.
На официјалното потпишување присуствуваа и Шефот на делегацијата на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир, министерот за финансии, Фатмир Бесими и Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.