Новости
четврток, 28 септември 2023 01:32
Денес во просториите на Секретаријатот за европски прашања се одржа подготвителен состанок за билатерален скрининг за поглавје 22 регионална политика и координација на структурни фондови, кои се дел од Кластер 5.
Состанокот го предводеше Државната секретарка во Секретаријатот за европски прашања, Дрита Абдиу Халили, а институција носител на ова поглавје е Министерство за финансии.
Билатералниот состанок за поглавје 22 регионална политика и координација на структурни фондови предвиден е да се одржи на 5 и 6 октомври, во Брисел.