Новости
среда, 27 септември 2023 06:52
На 26 и 27 септември 2023 година во работна посета на Секретаријатот за европски прашања присуствуваше официјална владина делегација на Молдавија, со цел да се запознаат со правната рамка, институционалната рамка и координативниот механизам за процесот на европска интеграција во Северна Македонија.
За време на дводневната посета претставниците на Молдавија беа детално запознаени со надлежностите на СЕП како надлежна институција за координација на процесот на интеграција во ЕУ и на процесот на пристапни преговори, искуствата од процесот на скрининг како и преговарачката структура и нејзините надлежности.
Државната секретарка на СЕП, Дрита Абдиу-Халили посочи дека процесот на европска интеграција е сложен и обемен процес која бара силна координација со цел да се обезбеди конзистентност и ефикасност во спроведувањето на обврските и барањата кои произлегуваат од ЕУ агендата.
Презентациите ги одржаа Драган Тилев државен советник за европски прашања, Христина Конеска-Бероска, раководител на Сектор за интеграција, Даница Насова Иванова, помошник раководител на Сектор за интеграција, Евгенија Серафимовска-Кирковски, раководител на Сектор за координација на ЕУ фондови и странска помош и Цветанка Кузмановска, консултант во СЕП.
Посетата се реализираше во рамките на проектот финансиран од Делегацијата на ЕУ во Молдавија.