Новости
вторник, 05 септември 2023 07:49
Денеска на иницијатива на вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ се одржа состанок со евроамбасадорот Дејвид Гир и шефовите на Мисиите на ЕУ во нашата земја, на кој се разговараше на повеќе актуелни политички теми, со фокус на динамиката на процесот на преговори со ЕУ и реформите.
- Правиме напори да ја промениме атмосферата што владее кај опозицијата за уставните амандмани и ова е во овој момент од најголема важност за нас, момент од кој зависи следниот напредок и задржување на европскиот дискурс на државата, рече Маричиќ.
Тој додаде дека реформите се високо на агендата на Владата и дека веќе се дефинирани клучните и најитни приоритет кои ќе се испорачаат, без понатамошно одлагање, а се однесуваат на именувања на јавни функционери, нова нацрт Стратегија за реформа на јавната администрација (2023-2030) со Акцискиот план (2023-2026), како и Стратегијата за реформи во правосудниот сектор која е во завршна фаза.
- Со нетрпение очекуваме позитивни сигнали и охрабрување за вашите услуги, но и рационалниот пристап на земјите-членки на ЕУ е од исклучителна важност за Северна Македонија, рече Маричиќ изразувајќи очекување дека што поскоро ќе ги добиеме и скрининг Извештаите за Кластерите за кои е сме го завршиле скринингот.
Од страна на шефовите на Мисиите на ЕУ беше дадена поддршка за процесите кои ги води Северна Македонија и непоколебливиот пристап на Владата да направи нов напредок кон ЕУ, посочувајќи дека покрај уставните измени мора Владата да остани исто така фокусирана и на реформската агенда, за во наредните 7 години ги може успешно да ги заврши обврските и задачите кои ги има државата во текот на преговори со ЕУ.
На состанокот вицепремиерот и главен преговарач со ЕУ, Маричиќ кратко ги брифираше за скрининг процесот, за кој кажа дека се одвива според планираниот календар и дека го цениме нацрт скрининг Извештајот за Кластерот „Фундаментални вредности“, кој даде насоки и беше добра основа за изработка на клучниот документ за отворање на Кластерот 1, Патоказот за владеењето на правото.
Вицепремиерот Маричиќ, кој на состанокот беше придружуван од државната секретарка во Секретаријатот за европски прашања, Дрита Абдиу-Халили, ја искористи можноста и ги информираше амбасадорите на ЕУ за текот на кампањата „Ние сме Европа“, посочувајќи дека е важна поддршката од европските партнери во овој клучен момент и ја искористи приликата да ги покани да земат активно учество во истата.