Новости
четврток, 06 јули 2023 07:06
Државната секретарка и Заменик на главниот преговарач со ЕУ Дрита Абдиу - Халили, денес во Брисел оствари средба со Амбасадорот на Постојаната Мисија на Кралството Шпанија при ЕУ, Маркос Алонсо Алонсо.
На средбата се разговараше за тековните состојби во однос на клучните реформи во рамки на пристапните преговори, текот на пристапните преговори и нашата заложба и посветеност како држава за надминување на предизвиците и исполнување на обврските во евроинтегративниот процес и обезбедување на негов континуитет.
Изразена е силна поддршка од страна на Шпанското Председателство со ЕУ со јасна заложба и партнерска соработка во нашиот евроинтегративен процес, која треба да се искористи.