Новости
понеделник, 24 април 2023 02:47
Денеска на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, во рамките на проектот „Jean Monnet EUFutur“ државната секретарка во Секретаријатот за европски прашања, и заменичка на главниот преговарач на Република Северна Македонија со Европската унија Дрита Абдиу-Халили имаше презентација на отвореното регионално предавање на тема: „Почеток на преговорите за членство на Северна Македонија во Европската Унија“.
Добра можност пред студентите и академскиот кадар да се претстави напредокот на интегративниот пат на Северна Македонија, со посебен акцент на предизвиците и можностите на скрининг процесот, по отворањето на преговорите за членство на нашата земја во Европската Унија, потенцираше на нејзиното воведно обраќање државната секретарка Абдиу-Халили.
Меѓу другото државната секретарка Дрита Абдиу-Халили зборуваше и за улогата на студентите во процесот на интеграција во Европската унија (ЕУ) која е важна и значително влијае на нивната академска, професионална и социјална иднина.
Ова регионално предавање од далечина го следеа и студенти од универзитетите во Босна, Косово и Албанија.