.
Регистрација на проекти
РЕГИСТРАЦИЈА НА ПРОЕКТИ/ДОНАЦИИ ВО ЦЕНТРАЛНАТА БАЗА НА ПОДАТОЦИ ЗА СТРАНСКА ПОМОШ - ЦДАД
Централната база на податоци за странска помош при Владата на Република Северна Македонија, овозможува регистрирање на сите проекти/донации во Северна Македонија финансирани со неповратни парични средства од странски донатори (грантови/донации) за кои постои соодветен Договор помеѓу Владата на Република Северна Македонија и странскиот донатор, а во кој договор е експлицитно предвидено дека со донираните средства не смее да се плаќаат увозни давачки, даноци и акцизи во Република Северна Македонија. За таа намена, предвидена е постапка за ослободување од царински, акцизни и други увозни давачки и/или ослободување од данок на додадена вредност (ДДВ) на промет на добра и услуги, при набавки на добра и услуги, како и увоз на добра и опрема за потребите на проектот/донацијата. Постапката ја иницира, односно поведува, субјектот задолжен за спроведување на проектот.
За започнување на оваа постапка, потребно е спроведувачот најпрвин да побара проектот/донацијата да биде регистриран/а во Секретаријатот за европски прашања, односно во Централната база на податоци за странска помош - ЦДАД при Владата на Република Северна Македонија.
Електронската услуга за регистрација на проекти /донации во ЦДАД базата
Секретаријатот за европски прашања ги следи новите достигнувања во дигитализацијата преку дигитализацијата на услугите. Во оваа насока Електронската услуга за регистрација на проекти /донации во ЦДАД базата за регистрација на проекти на Република Северна Македонија, претставува еден чекор напред кон побрза и поефикасна услуга што Секретаријатот за европски прашања им ја пружа на граѓаните на Република Северна Македонија.
Електронската услуга за регистрација на проекти во ЦДАД базата можете да ја најдете на следниов линк: https://registracija.cdad.sep.gov.mk
ОПИС НА ПОСТАПКАТА ЗА РЕГИСТРАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ/ ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РЕГИСТРАЦИЈА НА ПРОЕКТ / ЗА ПРОМЕНА НА ПОДАТОЦИ ЗА РЕГИСТРИРАН ПРОЕКТ/ ЗА ПОНИШТУВАЊЕ НА ИЗДАДЕНА ПОТВРДА ЗА РЕГИСТРАЦИЈА ВО СЕКРЕТАРИЈАТОТ ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА (СЕП) ОДНОСНО ВО ЦЕНТРАЛНАТА БАЗА НА ПОДАТОЦИ ЗА СТРАНСКА ПОМОШ – ЦДАД
I. За РЕГИСТРАЦИЈА НА ПРОЕКТ субјектот задолжен за реализација на проектот - т.н. спроведувач/имплементатор, треба до Секретаријатот за европски прашања да ја поднесе следнава документација:
II. За ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РЕГИСТРАЦИЈА НА ПРОЕКТ ВО ЦДАД субјектот задолжен за реализација на проектот - т.н. спроведувач/имплементатор, треба до Секретаријатот за европски прашања да ја поднесе следнава документација:
III. За промена на податоци за регистриран проект во ЦДАД субјектот задолжен за реализација на проектот - т.н. спроведувач/имплементатор, треба до Секретаријатот за европски прашања да ја поднесе следнава документација:
IV. За поништување на издадена потврда за регистрација на проект во ЦДАД субјектот задолжен за реализација на проектот - т.н. спроведувач/имплементатор, треба до Секретаријатот за европски прашања да ја поднесе следнава документација:
Документацијата се поднесува лично во архивата на СЕП, по пошта, на адреса: Секретаријат за европски прашања (архива), Влада на Република Македонија, Кеј Пресвета Богородица бр.3, или електронски на следниов линк: https://registracija.cdad.sep.gov.mk .
За помош и насоки на корисниците, изготвено е Корисничко упатство кое може да се преземе на следниот линк: (КОРИСНИЧКОТО УПАТСТВО).
По приемот на целосна документација, овластеното лице во рок од 7 дена издава потврда за регистрација на проектот во ЦДАД во писмена или електронска форма, односно во формата во која било поднесено барањето, и тоа само доколку барањето е поднесено уредно и соодветно пополнето и комплетирано.
Потврдите им се издаваат на барателите електронски за што ќе добијат известување по меил или лично, на рака со потпис-реверс, и тоа само по претходно телефонско/e-mail известување од страна на одговорното лице во СЕП дека соодветната Потврда е изготвена.
ТЕРМИНИ / ЛОКАЦИЈА ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ПОТВРДИТЕ :
Барателите можат да ги преземат (подигнат) Потврдите лично, по претходно телефонско/e-mail известување за тоа од страна на СЕП, секој пoнеделник помеѓу 10 и 14 часот, во просториите на СЕП, кои се наоѓаат на адреса: Кеј Пресвета Богородица 3.
ТЕРМИНИ ЗА ТЕЛЕФОНСКИ КОНСУЛТАЦИИ СО ОДГОВОРНОТО ЛИЦЕ:
Доколку постои потреба за дополнителни појаснувања/консултации во врска со пополнувањето на документацијата, Барателите можат телефонски да го контактираат одговорното лице во СЕП за консултации, и тоа секој работен ден во периодот помеѓу 13 и 15 часот
ЛИЦЕ ЗА КОНТАКТ / КОНСУЛТАЦИИ (ОДГОВОРНО ЛИЦЕ ВО СЕП) :
Благица Митковска,
Секретаријат за европски прашања,
Кеј Пресвета Богородица 3
e-mail: Blagica.Korovin@sep.gov.mk
тел.: (02) 3200 143; 3200 144; 3200 145
моб: 070 409 610
* * *
ОПИС НА ПОНАТАМОШНИОТ ТЕК НА ПОСТАПКАТА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВОТО ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ЦАРИНСКИ, АКЦИЗНИ И ДРУГИ УВОЗНИ ДАВАЧКИ И/ИЛИ ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ДДВ НА ПРОМЕТ НА ДОБРА И УСЛУГИ
По преземањето на Потврдата за регистрација во ЦДАД, барателот, односно спроведувачот, треба да пристапи кон преземање на Единствен даночен број (ЕДБ) за проектот/донацијата, што се прави во Управата за јавни приходи (УЈП) - Регионална дирекција Скопје.
Потоа, со цел стекнување со Потврда за остварување на правото за ослободување од царина, акциза и други увозни давачки при увоз на добра за реализирање на проектите, и/или остварување на правото на ослободување од ДДВ на промет на добра и услуги во државата (која ја издава Министерството за финансии), спроведувачот на проектот/донацијата поднесува соодветно Барање и до Министерството за финансии (МФ).
За формулирање и појаснување на содржината и формата на горенаведеното Барање до МФ, постои соодветен Правилник/Упатство (Службен весник бр.98/2014), во кое е детално опишана целата Постапка, и во кои се наведени сите дополнителни документи кои треба да се приложат кон Барањето до МФ, како и самиот Образец-БАРАЊЕ А1-П/СД
Правилникот/Упатството може да ги преземете овде (преземи Упатство).
Дополнителни корисни информации во врска со оваа Постапка може да најдете и на следните интернет-врски:
http://www.finance.gov.mk (Министерство за финансии)
http://cfcd.finance.gov.mk (Централен Сектор за финансирање и склучување Договори при МФ)
http://www.ujp.gov.mk (Управа за јавни приходи при МФ).
http://cdad.sep.gov.mk (Централна база на податоци за странска помош - ЦДАД)