Преговарачки поглавја
Поглавјето 3.26 Образование, млади и култура ги опфаќа мерките за поддржување на образовниот развој на различни нивоа, образовните, истражувачките и младинските политики кои се состојат од развивање политики, во вид на меко право и т.н. метод на координација на ЕУ ниво помеѓу земјите членки. Политиките во овие области се поддржани од финансиски инструменти познати како програми на Унијата. Земјата успешно учествува во сите активности и програми како: ЕРАЗМУС +, Европски корпус на солидарноста, Европа за граѓаните, Креативна Европа.