Преговарачки поглавја
Поглавјето 3.24 Правда, слобода и безбедност ги покрива следните области: азил, миграција, визна политика, надворешни граници, полициска соработка и борба против организиран криминал, судска соработка во граѓанска и кривична материја, борба против тероризам, борба против дрога, царинска соработка и борба против фалсификување на евро.
Оваа област претставува збир на политики кои имаат за цел обезбедување на сигурност, правна заштита и слободно движење на лицата во рамките на ЕУ. Политиките на ЕУ во оваа област се насочени кон усогласување на меѓународното приватно право, склучување на договори за екстрадиција меѓу земјите членки, како и усогласување на политиките на внатрешна и надворешна гранична контрола, воспоставување на безвизен режим, политики за азил и полициска и судска соработка. Со отстранувањето на внатрешните граници во рамките на ЕУ, во фокус е зајакната прекугранична полициска соработка во контекст на спречување на прекуграничниот криминал, а со тоа, и воспоставување на минимум стандарди.