Преговарачки поглавја
Поглавјето 3.02 Слободно движење на работници се состои од следниве подрачја: општи принципи на пазар на труд, ЕУРЕС, координација на системи за социјално осигурување и Европска здравствена картичка.
Европското законодавство во областа на слободното движење на работници се состои од правила со кои што се обезбедува правото на граѓаните на ЕУ да работат во друга земја членка, да престојуваат таму за таа цел и заедно со членовите на нивните семејства да ги уживаат правата како и државјаните на таа земја членка, во однос на работните услови и социјалните и даночните давачки. Примената на правото на ЕУ од ова поглавје ќе се ефектуира по прием на Северна Македонија во Унијата, во однос на пристап на пазар на труд и ЕУ регулативи и директиви за координација на системи за социјално осигурување. Правото на слободно движење на работници на ниво не ЕУ е комплементарно/дополнето со систем за координација на системи за социјално осигурување, односно правото на работниците мигранти и оние кои директно зависат од нив, да се здобиваат, акумулираат и трансферираат права од социјално осигурување, како и да можат да ги наплаќаат.