Преговарачки поглавја
Поглавјето 3.01 Слободно движење на стоки како дел од политиката на внатрешниот пазар на Европската Унија ги опфаќа прописите кои го уредуваат отстранувањето на сите трговски бариери меѓу земјите членки со цел законски пласираните производи на пазарот на Европската Унија да може слободно да се движат од една во друга земја членка на Унијата. Отстранувањето на ограничувањата на слободното движење на стоките на ЕУ ниво се постигнува првенствено со хармонизација на националните технички прописи на земјите членки. Европското техничко право (т.н. хармонизирана област) беше усвоено за секторите со висок ризик во производство, со цел да се обезбеди еднакво ниво на заштита на јавното здравје, животната средина и на потрошувачите во Унијата.
Оние производствени сектори кои не се опфатени со европското техничко право (нехармонизирана област) се раководат со принципот на заемно признавање, според кој производите произведени и пуштени на пазарот или ставени во употреба во една земја членка на ЕУ, треба во принцип да може слободно да се движат и кај другите земји членки на ЕУ.