Новости
понеделник, 18 април 2016 13:54
Денеска заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања д-р Арбр Адеми ја реализираше првата работна средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија, амбасадорот г-дин Аиво Орав.
За време на средбата, Вицепремиерот Адеми и амбасадорот Орав, се осврнаа на актуелните политички случувања во земјата, особено од последните денови, при што беше истакната важноста во наредниот период да се преземат чекори во насока на целосно исполнување на обврските од Политичкиот договор и обезбедување на услови за спроведување на демократски и кредибилни избори.
Исто така соговорниците посебен акцент ставија на обврските кои произлегуваат од Итните Реформски Приоритети , со цел да се задржи фокусот на овие активности кои се клучни за евро -атлантската перспектива на земјата.
На крајот, Заменик претседателот на Владата на република Македонија Адеми уште еднаш ја
потенцираше трајната ориентација на земјата истакнувајќи ја потребата сите релевантни фактори во државата да дадат придонес преку дијалог за надминување на политичкиот предизвик со која се соочуваме.