Новости
понеделник, 18 април 2016 10:10
Денеска официјално стапи во сила спогодбата за патувањето со лични карти меѓу државјаните на Република Македонија и Република Косово.
Спогодбата е склучена врз основа на меѓународните правни принципи и пријателските односи меѓу двете земји, во насока на натамошно продлабочување на соработката воедно и олеснувањето на патувањето на граѓаните на двете земји.
Имајќи ги во предвид добрососедските односи меѓу државјаните на двете земји, како и потребата за често преминување на границата на лицата кои живеат во пограничниот регион со ова спогодба се овозможува олеснување на нивното движење, како и олеснувањето на движењето на стоки, што ќе влијае позитивно на економскиот развој на двете земји.
Ова спогодба е склучена на почетокот на годината во Приштина, од денеска таа се спроведува.