Новости
вторник, 12 април 2016 16:36
Државниот секретар во Секретаријатот за европски прашања Ана Блажеска денес оствари средба со делегација од Министерството за трговија на НР Кина, предводена од Жао Ганг, заменик-генерален директор во Одделот за кинеска помош, во Министерството за финансии и трговија.
Средбата се фокусираше на прашања поврзани со тековни и планирани проекти од билатералната соработка, што се реализира со поддршка од НР Кина. Во прв план се дискутираше за побрз почеток на следните планирани проекти, пред сè изградбата на ОУ Вера Јоциќ во општина Гази Баба и ОУ Наим Фрашери во општина Тетово, како и проектот за Е-Образование што предвидува мрежно поврзување на средните училишта, универзитети и други државни институции од областа на образованието на територијата на градот Скопје.
Во однос на плановите во наредниот период, беше истакнато дека НР Кина останува посветен партнер на Република Македонија во обезбедување на средства за проекти од социјалната инфраструктура (училишта, градинки, здравствени објекти итн.), но и обуки и студиски посети со цел размена на знаења и искуства. За овие, како и за други проекти што би произлегле како приоритет во соработката, средствата се обезбедуваат преку потпишани и планирани договори за економска и техничка соработка.
Гостите од НР Кина ја искористија средбата да изразат и благодарност за успешната соработка со Секретаријатот за европски прашања, како институција надлежна за координација на работата на странските партнери (донатори) во Република Македонија.