Новости
вторник, 12 април 2016 09:53
Вчера, заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, д-р Арбр Адеми, учествуваше на неформален состанок на Советот за општи работи на ЕУ на министри за европски прашања, во организација на министерот за надворешни работи на Кралството Холандија во функција на претседавач на ЕУ. На вечерата се дискутираше за развојот на најновите состојби во Европската унија.
На низата неформални билатерални средби со своите колеги од Албанија,Бугарија,Турција како и претставниците на Црна Гора, Словенија, Хрватска и Обединетото Кралство разменија ставови околу актуелните политички случувања во земјата со фокус на подготовка на изборите и случувањата на македонско -грчката граница.
На посебната билатерална средба со министерството за надворешни работи на Кралството Холандија, соговорниците посебно се интересираа за подготовката на претстојните избори нагласувајќи дека само кредибилни избори со широко прифатени резултати ќе и обезбедат на Македонија враќање на евроатлантскиот пат.
Вицепремиерот изрази благодарност за досегашната принципиелна поддршка на Кралството Холандија вклучително за време на претседавањето нагласувајќи дека кризата со мигрантите и бегалците покажува колку е значајно сите земји од Западен Балкан да бидат интегрирани во ЕУ што поскоро.