Новости
петок, 08 април 2016 17:13
Денес, Секретаријатот за европски прашања ја одржа третата дебата од циклусот “ЕУ Ѕвезди” на тема: "Капитализам наспроти Социјализам ", на која дебатираа студентите од Меѓународниот Балкански Универзитет во Скопје, во чии простории се одржа истата. Пред започнување на дебатата, на студентите им се обратија Вицепремиерот д-р. Арбр Адеми и Ректорот на Универзитетот проф. д-р Исмаил Каџајусуфоглу кои ја истакнаа улогата на дебатите во развојот на демократските општества.
Денешната дебата има за цел да го зголеми интересот и знаењето на младите лица за прашања и теми поврзани со ЕУ. Преку дебатите, СЕП цели кон овозможување на отворен форум за дебата помеѓу младите насочен кон охрабрување на критичното милење и поттикнување на култура каде на дебатата се гледа како демократски начин за надминување на разликите во мислењата.
Дебата која се одржа денеска е дел од дебатниот циклус во рамките на иницијативата “ЕУ Ѕвезди” кој започна со реализација во мај 2015 година и ќе продолжи и понатаму во текот на годината со цел да се слуша гласот на младите како идни европски граѓани.
Дебатата е дел проектот на СЕП Младите за ЕУ.