Новости
петок, 08 април 2016 16:03
Во рамки на посетата таа оствари средби со Тања Мишчевиќ, Шеф на преговарачкиот тим на Република Србија со Европската Унија и Ксенија Миленковиќ, Директор на Канцеларијата за Европски интеграции на Република Србија.
На средбите се разговараше за можностите за соработка помеѓу двете држави како и размена на информации и искуства во преговарачкиот процес. Традиционално добрите односи како и активната политичка, економска и секторска соработка помеѓу Република Србија и Република Македонија исто така, беа предмет на разговор на остварените средби.
Во рамки на средбите беа разговарани и големиот број на можности за остварување взаемна соработка преку инструментите на ЕУ и искористување на фондовите кои се ставени на располагање на двете земји.
На крајот на разговорите беше потенцирано дека двете земји ќе останат посветени на развивање на добрите меѓусоседски односи.