Новости
петок, 08 април 2016 13:52
Новоназначениот Заменик претседател на Владата на Република Македонија, Арбр Адеми денес и официјално ја презема должноста од неговиот претходник Фатмир Бесими.
Бесими на примопредавањето го запозна Адеми со тековните проекти на Секретаријатот, како и со делокругот на работа и му посака успешно продолжување на патот кон европска интеграција на земјата, нагласувајќи ја потребата од континуитет во работата за реализирање на стратешките цели во областа.
Новиот вицепремиер Адеми е доктор на правни науки на Правниот факултет во Тирана, има богато научно искуство и ангажмани во областа на правото, зад себе има голем број на учества на меѓународни конференции како и поголем број научни трудови објавени во престижни меѓународни научни списанија.