Новости
среда, 23 март 2016 10:02
Денеска во во рамки на посетата во Брисел, Заменик претседателот на Владата на Република Македонија д-р Фатмир Бесими се обрати на конференцијата "Балкански партнерства - Зајакнување на врските во регионот" (“Balkan partnerships – Strengthening the region’s ties”) организирана од страна на тинк танк организацијата Пријатели на Европа (Friends of Europe). На конференцијата исто така учествуваше и комесарот за соседска политика и преговори за проширување г-дин Јоханес Хан.
Вицепремиерот Бесими и комесарот Хан се обратија на првиот панел посветен на предизвиците кои произлегуваат во справувањето со мигрантската криза. Притоа, Бесими истакна е потребно да се воспостави механизам преку кој уште повеќе ќе се зајакне соработката меѓу земјите од Западен Балкан и институциите на ЕУ.
“За време на кризи мора да се држиме заедно. Соработката помеѓу земјите од Балканот и Европската Унија е задолжителна” – истакна Бесими осврнувајќи се на активностите кои се преземаат во земјата за справување со приливот на мигранти и нивниот хуман третман.
Во своето обраќање Комесарот Хан истакна дека треба да имаме подобро разбирање за нашите различни културни разлики и различните искуства меѓу земјите членки.
Во текот на денот, Вицепремиерот Бесими ќе оствари средба со комесарот Хан и европратеникот и известувач за Република Македонија во Европскиот парламент Иво Вајгл.