Новости
петок, 04 март 2016 17:38
Државниот секретар за европски прашања Ана Блажеска оствари работна посета во Полска.
Во рамките на посетата на Полска, државниот секретар Блажеска оставри средба и со г-ѓа Катажина Кацперчик, заменик министер во Министерството за надворешни работи на Полска. На средбата се дискутираше напредокот на Македонија во евроинтегративниот процес, како и актуелната состојба во однос на мигрантската криза.
Денес Блажеска оствари средба со директорот на Директоратот за европски прашања при Министерството за развој во Полска, Малгожата Венерска- Крапс. На состанокот беа разменети идеи за продлабочување на соработката меѓу Република Македонија и Република Полска, особено во однос на искористувањето на европските фондови.
Во текот на престојот во Полска, државниот секретар Блажеска имаше и предавање пред студентите на универзитетот Натолин во Варшава.