Новости
четврток, 04 февруари 2016 16:23
Државниот секретар за европски прашања, Ана Блажеска на Првиот годишен форум за заштита на личните податоци изрази благодарност на Кралството Норвешка за несебичната поддршка во оваа област, обезбедена во изминатите три години преку програмата за проектна соработка.
Секретаријатот за европски прашања, како институција задолжена за координација на програмата за соработка со Кралството Норвешка, активно придонесува и помага во реализација на обврските од НПАА во сите сегменти, вклучително и заштитата на личните податоци, рече Блажеска. Таа ја истакна поддршката за Datatilsynet како во процесот на подготовка и аплирање, така и во реализацијата на проектот, и најави дека соработката ќе продолжи и понатаму.
На крајот од своето обраќање Државниот секретар Блажеска им посака на учесниците успешна работа на форумот.