Новости
петок, 29 јануари 2016 16:10
Секретаријатот за европски прашања во соработка со германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ) во Гевгелија одржува дводневна ИПА работилница.
Целта на работилницата е преку заедничка работа да се дефинираат и споделат научените лекции од користењето на ИПА средствата од претходната година и да се изнајде начин за дефинирање активности коишто ќе помогнат во креирањето на т.н. Акцискиот план на системот за децентрализирано управување со ИПА средствата (ДИС) за 2016 година.